Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВСКА ДЕНЕСКА НА РАСПИТ: Ќе се појави пред обвинителката за „тајната“ кривична пријава

ИВАНОВСКА ДЕНЕСКА НА РАСПИТ: Ќе се појави пред обвинителката за „тајната“ кривична пријава

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и актуелна кандидатка за градоначалник на Општина Центар од Независни заедно, Билјана Ивановска ќе оди во обвинителството, на распит за кривичната пријава која против неа ја поднело физичко лице.

Обвинителството не кажува за кое дело се товари Ивановска, ниту кој е подносителот на пријавата, туку само дека времето на доставата на поканата за распит се софпаднала со нејзината кандидатура за градоначалник, бидејќи тие истата ја доставиле до МВР на 25 јули.

Обвинителката Адела Бојчевиќ од скопското обвинителство која го води предметот против Ивановска ја контактирала телефонски, со понуда, доколку исказот го чувствува како форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

„Во меѓувреме, со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и ѝ даде можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите“, објаснија од ОЈО.

Ивановска пак, која објави дека поканата ја добила 11 часа откако се кандидираше за градоначалник, посочи дека нема што да крие и дека ќе се појави во Обвинителството.

Според Обвинителството, кривичната пријава за која преземаат дејства е поднесена на 18 февруари годинава.

Слично

Поврзани вести