Иванови си заминаа од Водно: Функциите доаѓаат и проаѓаат
Претседателот Ѓорѓе Иванов и неговото семејство се отселија од претседателската резиденција Вила Водно и упатија последно соопштение до јавноста
„Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.
Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија. Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!“, се вели во соопштението.
Денеска беше инаугурацијата на новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, кој беше пречекан од Иванов во вилата на Водно, а од утре му започнува првиот официјален работен ден.
