Иванов за прв пат во претседателската кариера не го отвори „Манаки“
Претседателот на државата Ѓорге Иванов за прв во својата деветгодишна претседателска кариера не бил присутен на свеченото отворање на 39. издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” викендов во Битола, пренесува ТВ21.
Тој единствено испратил порака која беше прочитана на почетокот од фестивалот. Шефот на државата е генерален покровител на овој фестивал, кој на првата фестивалска вечер беше отворен со перфотманс на познатиот македонски режисер Срѓан Јаниќијевиќ.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во моментов се наоѓа во посета на Соединетите Американски Држави, каде на 27 септември треба да одржи говор пред Генералното Собрание на Обединетите Нации.Рано утринава по Македонско време учествуваше на гала вечера организирана од македонската дијаспора во Детроит во организација на Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон.
Слично
