Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов за британски Телеграф: ЕУ има апсолутен неуспех да се ангажира и да инвестира во регионот

Иванов за британски Телеграф: ЕУ има апсолутен неуспех да се ангажира и да инвестира во регионот

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов за британски Tелеграф вели дека Европската унија ја остава вратата отворена за кинеското и руското стратешко загрозување на Балканот поради нејзиниот апсолутен неуспех да се ангажира и да инвестира во регионот. 

„До неодамна, немаше Руски инвестиции во Македонија. Но, како што Европа се повлекува – или подобро кажано, не ги одржува своите ветувања за примање на Балканот како дел од Европската унија – тоа е како повик од ЕУ да дојде и да го пополни тој простор“ – вели Иванов.

Иванов смета дека ЕУ е заглавена во начинот на размислување од 20-тиот век, а ситните внатрешни расправии ја оставија неспособна да се соочи со предизвиците на тековниот век, од масовната миграција преку шефовите на дигиталниот криминал и реваншистичка Русија.

Слично

Поврзани вести