Иванов во Турција држи лекции за лидери, а дома го прогласуваат за безгласна но, опасна фигура
Претседателот Иванов одржа говор за вакумот на морал кај лидерите, но не говореше воопшто за реалната политичка криза во Македонија и нејзините големи последици во поделеноста меѓу народот, туку си говореше за тоа како се справувал со мигрантите.
Тој е наводно учесник на помпезно наречениот Глобален лидерски форум, кој се одржува на приватниот турски факултет Бахчешехир.
– Сомнежот во авторитетите, потрагата по вистина и желбата за личен успех укажуваат на основната причина за кризата на лидерството. А тоа е моралниот вакум во лидерството, истакнал претседателот Иванов.
Во таа насока, потсетил дека е неопходно одлучно лидерство какво што Република Македонија покажа во справувањето со мигрантската криза.
Осврнувајќи се на примери од минатото, претседателот Иванов навел неколку универзални принципи на успешните лидери, меѓу кои карактерот, интегритетот, подготвеноста да се служи на општото добро и фокусот на луѓето.
На свеченото отворање, информира Кабинетот на Претседателот, Управата на Универзитетот ја обзнани одлуката да се доделат стипендии за мастер и докторски студии што ќе го носат името на претседателот Ѓорге Иванов. Стипендиите ќе се доделуваат на кандидати кои ќе обработуваат теми поврзани со Република Македонија.
Додека Иванов дели лекции за тоа како треба да се однесува еден лидер дома во Македонија трпи огромни критики дека е безгласен „фикус“ кој повеќе сака да одговори на желбите и политиките на екс премиерот и партиски лидер Никола Груевски, наместо да допринесе во решавање на реалните проблеми.Лидерите на новото парламентарно мнозинство од него побараа да му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање на новата реформска влада и му посочија дека нема никакви закани по унитарноста и суверенитетот на Република Македонија,
