Иванов: Во секоја функционална демократија референдумот ќе беше прогласен за пропаднат, Тиранската платформа се уште постои
Ѓорѓе Иванов во својот последен предновогодишен говор во Собранието го критикувашпе начинот на кој власта го прикажал исходот од референдумот на 30 септември за прифаќање на Преспанскиот договор. На ова пратеници бурно му реагираа со извици, а тој им врати дека тие „само ја покажуваат својата култура“.
Додаде дека со Спогодбата од Преспа нема да се знае дали ќе опастанат македонските песни и македонските брендови, на што следеше уште една реакција од салата.
„Потребно е враќање на автентичните и ненаментнати мерки и обновувањето на националниот косензус за решавање на спорот согласно меѓународното право. Пропаднатиот референдумот ќе значеше крај на процесот во секоја функционална демократија. Неуспениот референдум се претстави како успешен пред јавноста и меѓународната заедница. Уставот е темел на една земја, а темелите се раскопани и столбовите разнишани без него“, зборуваше Иванов.
Додаде дека Тиранската платформа потпишана за време на последните парламентарни избори во Македонија се уште постои.
- Не можете да ја сакате Македонија, а да не ги сакате Македонците. Ние ќе имаме држава без државотворен народ - додаде шефот на државата.
