Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов во последен момент сепак отиде во Ново Село

Иванов во последен момент сепак отиде во Ново Село

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, го пречека неговиот пандан од Бугарија, Румен Радев, во Ново Село, иако одредени медиуми блиски до опозицијата до последен момент тврдеа дека тој нема да го пречека својот колега на местото каде што на Денот на бугарската армија се слават паднатите бугарски херои во ова македонско место.

Комеморативна церемонија во Ново Село е во организација на Фондацијата „Бугарска памет“ и го одбележува Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија, а медиуми до денеска тврдеа дека Иванов одбил да учествува на истиот и избрал средба со Радев на друга локација, со образложение дека не станува збор за државна церемонија.

Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран, каде попладнево се одржува работна средба меѓу двајцата државници.


Слично

Поврзани вести