Иванов вчера не го даде мандатот-можеби денес ќе реши!
Молк од шефот на државата за мандатот и идната Влада.
Сите го чекаат потегот на Иванов од кој зависи дали опозиционерот Заев ќе успее да формира нова влада.
Ниту утринава на сајтот на претседателот нема најави кои укажуваат на фактот дека шефот на државата одлучил да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ кој во понеделникот му ги однесе бараните 67 потписи.
Од обезбедното мнозинство и прифатена платформа со албанските партии , произвлегоа низа протести кои зовриваат.
Тензично беше вчера на собирите кои се под организација на Заедничка Македонија кога беше нападната новинарска екипа на А1он.
Слично
