Иванов уште не добил ништо „на писмено“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов уште не го допил писмениот допис кој го побара уште во саботата по лидерскјата средба за официјалниот предлог за името „Илинденска Македонија“, одговорија од неговиот кабинет на прашање на МКД.мк.
„Сметаме дека на тој начин МНР врши селективно информирање на македонскиот претседател. Очекуваме МНР да ги достави белешките за паралелните разговори помеѓу МНР и премиерите на двете држави“, велат од кабинетот на претседателот и додаваат дека немаат информации и за тоа дали Владата ги напуштила преговарачките позиции со предлог пакетот Илинденска Македонија, по одбивањето на предлогот за име од грчка страна.
Слично
