Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов-Туск: Македонија ги презема сите мерки за заштита на државните граници

Иванов-Туск: Македонија ги презема сите мерки за заштита на државните граници

Република Македонија ги презема сите мерки и активности за заштита на државните граници, изјави македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов во Њујорк на средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Тие разговараа за  евроинтеграцијата на Македонија, но и за предизвиците коишто произлегуваат од мигрантската и бегалска криза, особено безбедносниот аспект.

Иванов кажа дека Република Македонија ќе го продолжи реформскиот процес, со цел достигнување на европските стандарди и критериуми и ќе продолжи да придонесува за регионалната соработка, во одржувањето на стабилноста и просперитетот на регионот на Југоисточна Европа.

„И покрај предизвиците со кои се соочува унијата, како и самиот процес на проширување, на Република Македонија како и на целиот регион на Југоисточна Европа им е потребна забрзана интеграција во Европската унија, затоа што тоа е најдобриот начин за целосно консолидирање на регионот, со што пак, ќе се консолидира и Европската унија" - вели Иванов.

Во контекст на предизвиците поврзани со мигрантската и бегалската криза, претседателот Иванов потенцираше дека Република Македонија се залага за сеопшто европско решение, што ќе опфаќа заеднички критериуми за справување со мигрантската криза. Заклучија дека е потребна итна координирана и синхронизирана акција на сите засегнати држави.

Иванов нагласи дека земјата  ја има в предвид и обврската за хуман третман на бегалците.


Слично

Поврзани вести