Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВ СО УЛТИМАТУМ ДО ЗАЕВ: Обезбеди мнозинство па ќе добиеш мандат!

ИВАНОВ СО УЛТИМАТУМ ДО ЗАЕВ: Обезбеди мнозинство па ќе добиеш мандат!

Дојдовме да го добиеме мандатот со цел да се обидеме да формираме Влада . 

На самиот состанок беа разговарани сите детали и ни беше укажано дека како второпласирана партија со број на мандати не можеме да добиеме мандат за формирање на Влада, рече Заев по завршувањето на консултациите кај шефот на државата во вилата на Водно. 

Како што вели Заев, укажувањето било дека тие треба да докажат дека имаат мнозинство согласно Уставот за формирање на Влада а тоа е 61 пратеник најмалку, како доказ со својот потпис да биде дадено на кабинетот на Ѓорге Иванов со што ќе добијат дури тогаш мандат за формирање на Влада.

Заев рече и дека со партијата ќе ги одлучат следните чекори, и кога и дали воопшто ќе почнат консултации со партиите за да се обезбеди мнизинство.

Тој не сакаше да даде одговор на прашањето кои биле аргументите на Иванов за неговата одлука, бидејќи првиот пат по изборите реши мандатот да и го даде на пратијата која имаше најмногу пратенички мандати 

Слично

Поврзани вести