Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов со соопштение до Антикорупциска

Иванов со соопштение до Антикорупциска

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов испрати став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.

Од кабинетот велат дека донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, тврдат од кабинетот, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

„При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста“, стои во соопштението.

Aнтокорупциската комисија на денешната седница отвори постапка за напредување и именување на пет лица од страна на претседателот Ѓорѓи Иванов во Армијата на Македонија.

– Сметам дека треба да се отвори постапка поврзана со именувањата и поставувањата од страна на претседателот за време на избори. Во службен весник излегоа поставувањата и именувањата на лица во армискиот состав, иако се распишани избори, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Софка Дојчиновска, членот на комисија, додаде дека ќе се повикаат на забраните од изборниот законик и од Законот за спречување на корупција и ќе побараат од кабинетот на Иванов да ја достават целосната документација за овие назначувања.

Станува збор за унапредувањето во генерал-потпоколвник на досегашниот началник на генералштабот Васко Ѓурчиновски, именувањето на генерал Мирче Ѓорѓиоски за постојан воен претставник во НАТО.

Поставувањето на Драган Ковачки за командант на Првата механинизирана пешадиска бригада, Бесник Емини за началник на штаб во Здружената оперативна команда и за испраќањето на Маријо Јуришиќ во военото аташе во Франција.



Слично

Поврзани вести