Иванов со највисоки државни почести ќе биде угостен во Бразил-што е поводот за посета на овој регион?
Шефот на државата Иванов деновиве ќе престојува во официјална посета на Бразил .
Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.
Повод за оваа посета според кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов е свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска Амбасада во Латинска Америка.
Со највисоки државни почести Иванов ќе биде удостоен од претседателот на Федеративна Република Бразил, г. Мишел Темер.
Таму Иванов спред агендата ќе има средби и со д-р Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и г. Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро, ќе одржи предавање и на на тема „Европската бегалска криза - научени лекции" во Бразилскиот центар за меѓународни односи.
