Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов сепак ќе се обрати во Собранието

Иванов сепак ќе се обрати во Собранието

Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов ја демантираше веста дека тој нема да одржи предновогодишен говор од говорницата во Собранието. Од таму потврдија дека шефот на државата сепак ќе закаже термин за обраќање пред пратениците.

Од таму велат дека тоа е уставна обврска за претседателот и дека истата ќе ја исполни.

– Согласно член 85 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно.Претседателот Иванов ќе ја исполни својата уставна обврска во текот на 2018 година. Како и досега, така и во иднина, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ќе постапува единствено и исклучиво согласно Уставот и законите на Република Македонија – посочуваат од претседателскиот Кабинет.

Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери брифираше дека сѐ уште не е пристигнато писмо од претседателот за одредување датум за годишно обраќање, по што се јавија гласини дека тој ќе ја прекине традицијата од годишни обраќања и нема да се прости од пратениците пред завршувањето на неговиот втор и последен мандат на пролет.

Вообичаено, претседателот на државата во декември пред крајот на календарската година се обраќа пред пратениците.


Слично

Поврзани вести