Иванов се караше со власта: Го потпишав законот за да ве разоткријам
„Политичкото насилство доведе до физичко насилство. Насилството најостро го осудувам. Јас сакав помирување преку помилување, а вие сакавте уште тогаш уставни измени и да создадете хаос и рушење на правната држава“, зборувапе Иванов од собраниската говорница и истовремено се расправаше со пратениците од владеачкото мнозинство во својот последно пгодишно обраќање од законодавниот дом.
Во еден момент предизвика негативни реакции кај пратениците кога го критикуваше законот за амнестија, а истовремено тој веднаш го потпиша и стапи во сила како експресно објавен во Службен весник.
„Вашата амнестија е само уште еден преседан. Вие законот за амнестија го донесовте за да ги амнестирате пратениците кои ви се потребни, а јас го потпишав указот на истиот за да ве разоткријам какви сте“, рече пефот на државата.
Рече дека некој сака попусто да го стави во контекст на нападот на Собранието на 27 април и дека има информација дека постои усна наредба да биде следен и прислушкуван.
