Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Референдумот не е анкета

Иванов: Референдумот не е анкета

Очекувам ОБСЕ и ОДИХР сериознo да ги земаат в предвид приговорите, порача шефот на државата, Ѓорѓе Иванов денеска на прес-конференција. 

Тој вели дека не може оние кои имаат демократски дефицит да ја наметнуваат волјата врз граѓаните. 

„Вчера македонскиот народ ја покажа својата суверена волја“ - рече Иванов. 

Иванов рече дека референдумот не е анкета. 

Вели дека во ЕУ и НАТО треба да влеземе, но не уценети, туку со реализирани реформи. 

„Ова треба да биде поука за сите политички партии, да внимаваат што и кому ветуваат“ - рече Иванов. 

Тој вели дека вчера Македонија остана непоразена. 

Слично

Поврзани вести