Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ја бара од Заев документацијата за преговорите

Иванов ја бара од Заев документацијата за преговорите

Шефот на државата бара првиот човек на Владата да му достави документација за преговорите.

Имено, Ѓорге Иванов бараЗаев да му го достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите.

„Во недостиг на клучни документи, а со цел обезбедување на поширок консензус за прашањето за името, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го охрабрува претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев да ги достави предлогот за водење на преговори со уставна основа, нацртот на договорот, како и ставовите на делегацијата во водењето на преговорите“, соопштија од кабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов уште го има истиот став и не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба.

Слично

Поврзани вести