Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов од лидерска на свадба - Претседателот го чекаат за гостин

Иванов од лидерска на свадба - Претседателот го чекаат за гостин

Ќе има ли доволно време претседателот Иванов да посвети на лидерската средба која е веќе во тек, со оглед на тоа што според наши извори него го чекаат како гостин на свадба која треба да се одржи во еден популарен скопски хотел.

Претседателот Иванов заедно со претставниците на владата, меѓу кои премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, како и претседателот на ДУИ Али Ахмети, треба да изгради став околу последната рамка доставена од медијаторот Метју Нимиц околу преговорите кои се водат за разликите за името со Грција.

Дали Иванов ќе остане докрај на лидерската средба на која е пожелно да се изгради политички конзенсуз меѓу главните „играчи“ на власта и опозицијата, останува да се види бидејќи свадбата на која го очекуваат како гостин веќе е започната. 

Слично

Поврзани вести