Иванов нема да се прости со пратениците
Претседателот Ѓорѓе Иванов не се пријавил на собраниската агенда да го оддржи традиционалниот предновогодишен говор пред пратениците.
Секогаш околу Нова Година тој се обраќа во законодавниот дом, но овој пат ќе ја пропушти приликата да одржи „проштален“ говор пред да заврши неговиот втор претседателски мандат следната година на пролет.
Претседателот на државата треба да побара да се обезбеди термин за неговото годишно обраќање во парламентот, но досега такво барање нема стигнато. Како што информира собранискиот спикер Талат Џафери, досега од кабинетот на Иванов не бил побаран термин. Вообичаено, изминатите години, до сега овој термин бил утврден, посочува претседателот на Собранието Талат Џафери.
Годишните говори често беа осудувани од СДСМ дека Иванов секогаш ги става во контекст на партиска политика во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
