Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов нема да се предомисли: Нема потпис на договорот со Грција

Иванов нема да се предомисли: Нема потпис на договорот со Грција

Ставот на претседателот Ѓорѓе Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани, соопштија денеска од неговиот кабинет. Велат оти тој нема да го потпише указот на договорот со Грција кој вчера повторно беше ратификуван во Собранието. Оттаму ги демантираат тврдењата на премиерот Зоран Заев, како што велат, дадени во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ дека шефот на државата ќе го поддржи Договорот со Грција. 

„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Слично

Поврзани вести