Иванов: Нема да го потпишам Законот за јазици
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во своето денешно обраќање до јавноста изјави дека на 11 јануари Собранието без јавна дебата го изгласа Законот за употреба на јазици.
Иванов нема да го попише законот.
„Денес упатив писмо до Собранието со кое информирам дека не го потпишувам указот, и во прилог се наоѓа образложение на мојата одлука“- изјави Иванов.
Тој кажа дека за законот нема европска директива. Иванов вели дека Македонија ќе биде единствена земја која самата себе си поставува услови за влез во ЕУ.
Со овој закон вели се воведува многу скап паралелизам, кој води кон блокада.
За Иванов законот е репресивен и го фаворизира албанскиот јазик.
Слично
