Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВ НЕ ПОПУШТА: Повикува процедурата за импичмент да почне веднаш

ИВАНОВ НЕ ПОПУШТА: Повикува процедурата за импичмент да почне веднаш

Шефот на државата Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев веднаш да започне постапка по барање за отповикување односно импичмент.

Изјавата на Иванов доаѓа како последица на вчерашното интервју на Заев во емисијата „Само вистина“ во која премиерот изјави дека е можно да дојде до смена на претседателот, ако тој одбие да го потпише договорот за решавање на спорот за името. 

Бројките и прописите одат во прилог на Иванов при соочувањето со евентуален импичмент

„Ги повикувам Заев со тоа двотретинско мнозинство, што е потребно за промени на Уставот на Република Македонија, веднаш да започне постапка за одредување на одговорноста на претседателот и гласањето на отповикување“, вели Иванов.

„И покрај заканите и притисоците, јас останувам на ставот дека станува збор за штетен договор“, пишува уште Иванов.

Слично

Поврзани вести