Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов не го прими ниту Џафери

Иванов не го прими ниту Џафери

Откако по само две минути им заврте грб на премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во резиденцијата на Водно, претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, не сакал да договори средба со претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, открива спикерот за ТВ21. Во меѓувреме „слични игри“ со Иванов имаше и во Бугарија, кога во последен момент му ја откажа средбата бугарскиот премиер Бојко Борисов во Софија.

Првиот човек на законодавниот дом Талат Џафери изјави дека по прегласувањето на Законот за јазиците, се обидел да договори средба со Иванов, но како што тврди, не добил одговор на неговото барање.

Според Џафери има две опции за распишување на референдум за договорот со Грција. Едната верзија е тој како претседател на Собранието, по предлог на пратениците да свика седница за донесување на одлука за распишување на референдум, без датум кога да се одржи. Во тој случај референдумот ќе мора да се одржи од 60 до 90 дена по донесувањето на одлуката. Втората варијанта е да добие барање со конкретен датум, а потоа тој како претседател на законодавниот дом да го пресмета тајмингот за да бидат испичитувани уставните начела за роковите.

Џафери воедно додаде дека судејќи според сите изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, очекува опозицијата да излезе на референдумот, но не сакаше да навлегува во тоа какво ќе биде формулирано прашањето.


Слично

Поврзани вести