Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов се лути - не е информиран за договорената рамка за можно решение за името

Иванов  се лути - не е информиран за договорената рамка за можно решение за името

Oд Кабинетот на претседателот на Република Македонија, информираат дека до претседателот Ѓорге Иванов нема стигнато информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

„До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, одржани во Брисел и во Њујорк. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не е информиран ниту за составот, ниту за работата на правните тимови од двете земји во Атина на текстот на билатералниот договор“- велат од кабинетот на Иванов.

Додаваат дека до Иванов претходно не е доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија, иако шефот на државата побарал да добие писмен документ за последниот тек на настаните поврзани со спорот за името.

Кабинетот на претседателот, се додава, во неколку наврати претходно побарал до него да бидат доставени документи поврзани со текот на разговорите, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција, оценувајќи дека, како што се наведува, се врши селективно информирање на македонскиот претседател.

Слично

Поврзани вести