Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИВАНОВ НА ПОТЕГ: Дали до четврток ќе го потпише Законот за јазици?

ИВАНОВ НА ПОТЕГ: Дали до четврток ќе го потпише Законот за јазици?

Претседателот Ѓорге Иванов има рок до четврток на полноќ за да го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или истиот да го врати во Собранието.

Законот во Собранието е изгласан на 11 јануари, по што текстот е испратен до кабинетот на Иванов. 

Од кабинетот на Иванов соопштија дека тој има седум дена за да одлучи дали ќе го потпише указот, а засега е неизивесно како ќе одлучи претседателот.

За време на неговото обраќање во Собранието тој рече дека овој закон е неуставен и дека претставува закана по унитарноста на државата.

Доколку Иванов одлучи да не го потпише Законот, тогаш тој се враќа во Собранието, каде што во рок од 30 дена повторно ќе биде разгледан во трето читање. Тогаш може да се поднесуваат амандмани само во врска со укажувањата на претседателот.

По повторното разгледување, доколку законот е усвоен, претседателот е должен да го потпише указот.

Овој закон поттикна бројни реакции. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека законот не е во согласност со Уставот. Група на еминентни професори меѓу кои и акад. проф. д-р Катица Ќулавкова, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, со отворено писмо до претседателот Иванов побараа тој да стави вето на новиот предлог закон за употреба на јазиците на граѓаните над 20% бидејќи сметаат дека е неуставен и дека ќе донесе многу лоши последици врз Македонија.

Слично

Поврзани вести