Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Моите мисли се со семејствата на загинатите патници

Иванов: Моите мисли се со семејствата на загинатите патници

Шефот на државата, Ѓорге Иванов, по големата трагедија која ја потресе цела земја изрази сочувство. 

„Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување“- напиша Иванов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот фејсбук изрази длабоко жалење за несреќата која денеска се случи на патот Скопје – Тетово и упати сочувство до семејствата на загинатите патници, и желби за побрзо оздравување на повредените.

Слично

Поврзани вести