Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Македонија сака да биде дел од Европа на 21 век, а не Европа на 20 век

Иванов: Македонија сака да биде дел од Европа на 21 век, а не Европа на 20 век

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов на отворањето на 27. Економски форум, што се одржува во полскиот град Крињица-Здруј рече дека Европа треба да го сфати 21 век и да ги вклучи земјите кои се во чекалната. 

Македонија сака да биде дел од таа Европа на 21.век, а не Европа на 20.век кога членки на ЕУ го злоупотребуваат своето членство да ги блокираат процесите на интегрирање на целиот регион во еден отворен простор кој би носел мир и просперитет, порача шефот на државата.

Тој на форумот кажал  дека на Македонија, поради двојните стандарди, ѝ се скратува правото на просперитет.

„Македонија е единствен пример на земја кандидат за ЕУ од која се бара нешто што не е побарано од никој досегашен кандидат. Се ускратува правото на човечко достоинство и правото на самоидентификација. Да го користите името кое самите сте го одбрале и сите ве именуваат. Но, тоа е билатерално прашање и проблемот е што ЕУ дозволува една членка да ја злоупотребува Унијата, да блокира просперитет на нас, а и на целиот регион“ - вели Иванов. 

Тој објасни дека најголемиот дел од населението во Македонија сака да биде во ЕУ и покрај тоа што се случува во Унијата.

Според Иванов, Европа нема да исчезне, но ќе стане безначајна ако не се прилагоди на предизвиците од 21 век. 

Слично

Поврзани вести