Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Македонија не е личен имот та некој да ја распродава

Иванов: Македонија не е личен имот та некој да ја распродава

Eкс претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, преку својот Фејсбук профил го честиташе празникот Илинден.

Тој порача дека Македонија не е личен имот, кој некој ќе го распродава и присвојува.

„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста. Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува“, напиша Иванов. 

Пишува дека Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал, а слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.

Слично

Поврзани вести