Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов лани не сакаше да руча заедно со Заев и Џафери, дали ќе отиде денеска кај владиката Стефан?

Иванов лани не сакаше да руча заедно со Заев и Џафери, дали ќе отиде денеска кај владиката Стефан?

Премиерот Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери и претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска се поканети да ручаат заедно кај поглаварот на МПЦ, г.г.Стефан.

Владиката секоја година на 9 јануари организира традиционален ручек за државниот врв по повод својот именден, но и поради божиќните празници.

Иванов секоја година одеше во резиденцијата на г.г.Стефан, додека Никола Груевски беше премиер, а Трајко Вељаноски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието, но лани неговото столче остана празно, додека Заев и Џафери беа таму.

Денеска на календарот се слави празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, а покрај претседателите на Владата, Собранието и на државата, присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.


Слично

Поврзани вести