Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Лага е дека планирам вонредна состојба во Македонија

Иванов: Лага е дека планирам вонредна состојба во Македонија

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов категорично ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу дека учествувал во план за прогласување вонредна состојба во Република Македонија. 

Во интервју за телевизија "Алсат-М" Нухиу вчера изјави дека "едно од сценаријата на Иванов било за време на инцидентите на 27-ми април во парламентот тој да ја користи армијата на Република Македонија, а потоа да воведе вонредна состојба". 

"Кабинетот на претседателот смета дека во земјата постои болест за ширење на лажни вести со цел делегитимирање на институциите, вклучувајќи ја и претседателската", се вели во соопштението од кабинетот на Иванов.

На 27-ми април ескалираше состојбата вопарламентот во Скопје, откако Талат Џафери беше избран од пратениците на СДСМ и од три албански партии за претседател на парламентот. При судирите имаше над сто повредени - пратеници, функционери на парламентот, полицајци и новинари. Доцна во ноќта Иванов направи специјално обраќање пред нацијата и повика на смирување на ситуацијата и за дијалог меѓу различните политички лидери. Нухиу учествуваше во експертскиот кабинет на Емил Димитриев од квотата на албанската партија - Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, која се подготвува да управуваат заедно со СДСМ на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски не го признава изборот на Џафери, "поради прекршување на Правилникот за работа на Собранието, Уставот и законите на Република Македонија".

Слично

Поврзани вести