Иванов кога ќе посака оди во Турција
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, деновиве ја остварува својата шеста посета годинава на Турција, со која раководи Реџеп Таип Ердоган. Иванов во Турција бил во февруари, април, мај, јули, октомври и сега во ноември, објави Радио слободна Европа.
Во моментов е на 9.Самит Босфор што се одржува во Истанбул, а таму беше и пред еден месец на свеченото отворање на најголемиот аеродором во светот. Летоскалетово во Турција отпатува за инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган. Пролетта во Истанбул учествуваше на бизнис настан во април, а во мај во Сивас прими почесен докторат. Зимоска, во февруари имал средба како гостин на Ердоган.
Иванов секоја година ја посетува Турција, но лани бил два пати, а во 2016-та само еднаш.
Многу поретко се сретнува со други политички лидери од странство, а освен со Ердоган имал контакти со политичари од „Вишеградската група“, односно со колегите од Чешка, Унгарија, Полска и неколку други земји. Чести контакти имал и со јорданскиот крал Абдула.
