Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ќе предава во Турција

Иванов ќе предава во Турција

Претседателот на  Македонија, Ѓорге Иванов, при својата нова посета на Турција ќе предава на универзитетот „Улудаг“ во Турција.

Шефот на македонската држава повеќе пати до сега има предавано на турските универзитети, а одредени македонски медиуми веќе најавија дека по завршувањето на неговата претседателска кариера ќе работи како професор во некој од тамошните центри.

Вториот претседателски мандат на Иванов завршува следната пролет и повеќе нема да има право повторно да се кандидира за истата функција.

Неговиот престој во Турција започнува од денеска, по повод учеството на 9. Самит Босфор, што ќе се одржи во Истанбул. Претседателот Иванов ќе се обрати на отворањето на самитот, чија главна тема годинава е „Одржување на мирот и развојот за сите“.

Во рамки на работната посета на Република Турција, претседателот Иванов ќе го посети градот Бурса, каде е предвидено да одржи предавање на Универзитетот „Улудаг“.


Слично

Поврзани вести