Иванов ќе одликува четворица кои помагаа во несреќата кај Ласкарци
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе ги одликува Емини Џелал Омер, Реџепи Мухарем Бујамин, Фета Нејази Семир и Саљихи Фихат Сељадин со медали за храброт откако помогнаа во извлекувањето на повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци.
Станува збор за четворица професионални војници од македонската армија кои реагирале несебично дента кога се случи една од најголоемите сообраќајни несреќи со 15 жртви на патот Скопје - Тетово.
Медалите се доделуваат за „покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност со лично залагање како професионални војници и припадници на Армијата на Република Македонија, придонеле за навремено укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што се случи кај селото Ласкарци, на патниот правец Скопје-Тетово“.
