Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ќе испие кафе со Туск, па ќе му ја летне за Турција

Иванов ќе испие кафе со Туск, па ќе му ја летне за Турција

Шефот на државата во понеделник ќе го угости на средба претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Засега е неизвесно зошто овој висок европски функционер доаѓа во земјава, но очигледно е дека притисокот од меѓународната заедница расте и обрачот околу Иванов расте.

Кога се најави доаѓањето на Туск во Скопје во јавноста се појавија стравувањата дека е можно претседателот повторно да избега од средбата, но од кабинетот на Иванов веќе најавија дека прво ќе се сретне со европскиот функционер па потоа ќе ги спакува куферите и ќе оди за Турција каде што според најавите од 4-6 април ќе учестува на 20-от евроазиски економски самит.

Најверојатно е дека средбата на Туск носи пораки за Иванов дека треба да понесе одговорност и да овозможи брз состав на Влада.

Иванов пак ќе го запознае претседателот на ЕП за политичката ситуација во земјава.

Слично

Поврзани вести