Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ќе го игнорира и Карл Билт-нема најава за средба

Иванов ќе го игнорира и Карл Билт-нема најава за средба

Поранешниот шведски премиер е во Скопје а неизвесно е дали неговата посета ќе отвори врата за излез од кризата.

Засега извесна е средбата на дипломатот со движењето БЕСА, со партијата на Ахмети-ДУИ, од ВМРО ДПМНЕ велат дека на агендата имаат состанок, додека од СДСМ засега не откриваат ништо.

Од Кабинетот на претседателот Иванов потврдиле дека неговата агенда не содржи средба со шведскиот политичар и дипломат. 

„Не се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Рововите изгледаат подлабоки. Ситуацијата е сериозна“, ова го напиша на социјалната мрежа Карл Билт во пресрет на доаѓањето во земјава.

Карл Билт е во дводневна посета на Македонија со претставници на пан-европската организација „Европски Совет за надворешни работи“. 

Слично

Поврзани вести