Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ќе ги шета амбасадорите низ Вевчани

Иванов ќе ги шета амбасадорите низ Вевчани

Претседателот Ѓорге Иванов го продолжува гостопримството на странските амбасадори кои се акредитирани во Република Македонија и по вчерашниот собир во Струга денеска ќе ги проштета и во општина Вевчани.

Во рамки на посетата, која е дел од дипломатскиот прием што го приредува претседателот традиционално по повод новогодишните и божикните празници, ќе ги разгледаат црквата „Св. Никола“ и Вевчанските извори.

Иванов синоќа во Струга приреди дипломатскиот прием кој се обрати пред присутните амбасадор и претставници на странски земји, а обраќање имаше и рускиот амбасадор во земјава Олег Шчербак.


Слично

Поврзани вести