Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов: Kaбинетот на претседателот нема да биде алиби за 27 април

Иванов: Kaбинетот на претседателот нема да биде алиби за 27 април

Kaбинетот на претседателот нема да биде алиби за 27 април, изјави попладнево претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до јавноста. 

Вели дека нарачателите нема да се скријат, но не сакаше да споменува никој, рече дека кои се ќе утврди судот. 

Кажа дека настаните ги следел на телевизија и размислувале од кабинетот како да ја смират нацијата. 

„Човек не треба ништо да го изненадува, можат сè да направат“, вели Иванов, на прашање дали може да биде уапсен. 

За неговиот советник Синиша Алексоски рече дека буквално од аеродром го вратил кога се случи 27 април. Вели дека тој секои шест месеци оди на полиграф, и кажа дека сака и другите да бидат подложени на истото. 

Слично

Поврзани вести