Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ја обвини Европа за двојни стандарди

Иванов ја обвини Европа за двојни стандарди

Двојните стандарди на либералниот поредок ни го оспорија правото на идентитет и на просперитет, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето на сесијата на претседателите на држави на Евроазискиот форум во Истанбул. 

Тој вели дека на Република Македонија ѝ се блокирани евроатлантските интеграции, а Европската унија треба да биде препознатлива по својата најголема моќ, а тоа е европеизацијата. 

„На Македонија ѝ се блокираат нејзините европски и евроатлантски интеграции. Затоа, на случајот Македонија станува очигледно лицемерието на овој меѓународен поредок кој колабира поради своите двојни стандарди. Не само Македонија туку и многу други земји не се задоволни од двојните стандарди на Унијата“ - наведе Иванов.

Иванов смета дека Балканот е коренот на Европа. Според него, Европа треба допрва да се сети и да се врати на корените. Додава дека на Европа ѝ се потребни  лидери, а не нови принципи и вредности. За Европа Иванов вели дека треба да остане верна на својата суштина. 

Слично

Поврзани вести