Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Иванов им го честита Велигден на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им го честита христијанскиот празник Воскресение христово – Велигден на верниците од католичка вероисповед во РМ. Тој испати честитка до бискупот скопски и апостолски ехзарх монс. Киро Стојанов како и до сите верниците од католичка вероисповед во РМ .

„За Христијаните, денот на Христовото воскресение е најголемиот и најзначајниот ден во историјата на човештвото. Празнувајќи ја победата на Исус Христос над смртта, ние со благодарност ја прифаќаме единствената жртва што може да нѐ откупи и ослободи од силата на гревот. Овој празник е и потсетување дека секој човек има непроценлива вредност и неотуѓиво човечко достоинство, што е вродено право и заемна обврска да ги почитуваме и прифаќаме нашите ближни и соседи со сите нивни разлики”, вели Иванов во честитката.


Слично

Поврзани вести