Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов и се нафрли на УБК

Иванов и се нафрли на УБК

Главното жариште за генерирање на сите политички и безбедносни кризи во Македонија е Управата за безбедност и контраразузнавање, која е дел од МВР, а на тоа укажав уште пред две години.

Ова го истакна шефот на државата Ѓорѓе Иванов на обраќањето пред јавноста по повод последните наводи од страна на сведочењата на обвинетите за 27 април дека таа ноќ сакал да прогласи вонредна состојба.

-Ако УБК се дрзнала без никаква основа да ги следи активностите на мојот кабинет и како претседател да ме става во службени белешки кои опишуваат непостоечки настани, се плашам да помислам што се случува во таа институција и како се креираат извештаите од фиктивни извори да се постигне одредена цел-кажа Иванов.

Тој негираше дека на 27 април минатата година планира насилство во парламентот да го искористи за воена состојба додавајќи дека за тоа никогаш не се ни разговарало, ниту пак размислувало во неговиот кабинет.

Слично

Поврзани вести