Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов и Јанчев закроија лози во Кавадарци

Иванов и Јанчев закроија лози во Кавадарци

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска го  посети Кавадарци, каде што, по повод одбележувањето на православниот празник„Свети Трифун“, присуствуваше на традиционалната прослава и симболичното закројување на винова лоза.


Македонскиот претседател им го честиташе празникот на граѓаните и во духот на нашата традиција, посака Св. Труфун на лозарите да им донесе многу бериќет, а на винарите квалитет. Тој заедно  со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и Митрополитот  Повардарски Агатангел  го извршија чинот на традиционалното  закројување на виновите лози и упатија желби за родна година.

„На овој ден посакуваме годината да биде родна и благородна, да биде успешна, не само за винарите и за лозарите туку и за сите нас“ рече претседателот Иванов.


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, порача дека годинашното одбележување на „Свети Трифун“ треба да биде почеток за една нова состојба и нови стандарди во лозарството.


„Винарските визби да бидат тие што ќе прават добро вино, лозарите добро грозје, а државата да биде таа којашто ќе не заштити, заедно со општината, за грозјето и родот да ни се плаќа на време“ рече Јанчев.

Слично

Поврзани вести