Иванов го закити Дурловски со Орден за заслуги за МОБ
Игор Дурловски, директорот на Македонската опера и балет го доби Орденот за заслуги за Македонија наменет за културната установа која постои веќе 70 години.
„Овој орден е признание за улогата што Македонската опера и балет ја има во победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината“, посочи Иванов во своето обраќање.
ИГор Дурловски беше еден од главните водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ која повеќе од два месеца ги води протестите за заштита на унитарноста.
По упадот и насилството врз пратениците во македонското Собрание, за време на протестите на 27-ми април, тој се откажа од организирање на протестите, но останува учесник и поддржувач на иницијативата.
Слично
