Иванов го потпиша законот за амнестија, стапи во сила
Законот за амнестија изгласан во Собранието на Македонија стапи во сила отккао беше објавен во службен весник и истиот е потпишан со указ од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Законот кој беше изгласан со поддршка од 95 пратеници на 18 декември и сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година имаат рок од пет работни дена да поднесат барање за амнестија.
Според овој закон, секој обвинет треба да поднесе барање да биде амнестиран доколку смета дека ги исполнува условите пропишани со овие законски решенија.
Последниот збор ќе го дадат судијката и обвинителката во овој предмет, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска.
Слично
