Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Фото) Иванов ги потпиша и измените и дополнувањата на Кривичниот законик

(Фото) Иванов ги потпиша и измените и дополнувањата на Кривичниот законик

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, со указ го потпиша и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик што Собранието го изгласа на 28 декември минатата година. Службен весник го објави електронски вчера како број од 31 декември. Законските измени и дополнувања стапуваат на сила осум дена по објавувањето, што значи од 8 јануари.

Со овие измени Сеад Кочан и Василије Авировиќ од случајот „Труст“ е можно да добијат помали казни или условни, бидејќи според членот 275-в, кој се однесува за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно-приватно партнерство е поврзан со кривичните дела за кои се товарат двајцата. Нивната пресудата сѐ уште се наоѓа во Апелацискиот суд, кој треба да одлучи за жалбите за пресудата да стане правосилна. Се верува дека во овие измени и дополнувања ќе се пронајдат и други осомничени и обвинети во контекст на процесот на политичко помирување.

Во измените на КЗ не е вметнат членот 353 кој се однесува на злоупотреба на службена положба, а кој претходно пратениците од мнозинството сe обидоа да го протнат. Овој член е поврзан со најголем дел од обвиниетите кои се гонат од СЈО и под притисок на јавноста беше тргнат од предлогот за измени на законот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала пред гласањето откако претходно најавија дека нема да учестуваваат во расправата за Кривичниот законик.

Шефот на државата експресно го потпиша и Законот за амнестијата.со рок од 5 дена за пријавување на обвинетите за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.

Законот за амнестијата беше донесен на 18 декември со 95 гласа „за“ и ниту еден „против“ во Собранието, додека за измените на Кривичниот законик имаше 63 гласа „за“ и еден воздржан.


Слично

Поврзани вести