Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов ги нагости амбасадорите во Струга и им го посочи отсуството на ЕУ и НАТО

Иванов ги нагости амбасадорите во Струга и им го посочи отсуството на ЕУ и НАТО

Претседателот Иванов ја продолжи традицијата на собирање на дипломатскиот кор на почетокот на годината па освен неформалниот дел кој беше одбележан со дружење и разгледување на убавините на Струга, одвои време и за испраќање на политички пораки.

- Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на Европската Унија и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот. Во последниов период слушаме реторика и гледаме постапки кои по многу нешта потсетуваат на периодот што мислевме дека е далеку зад нас – периодот на распадот на една заедничка поранешна држава. Долго време не ги коментирав изјавите и постапките на некои политичари од соседството затоа што верував дека само со игнорирање можат да се изолираат, посочи претседателот на Република Македонија.

Иванов исто така ги истакна предностите на македонскиот модел на демократија кој треба да биде пример за соседните држави особено кога е во прашање инклузивноста и малцинските права.


Слично

Поврзани вести