Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов е известен дека мандаторот не составил Влада, а се прави на „Тошо“?

Иванов е известен дека мандаторот не составил Влада, а се прави на „Тошо“?

Дел од медиумите брифираат дека собраниските служби го известиле претседателот Ѓорге Иванов дека до истекот на рокот, ноќеска на полноќ, мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не успеал да состави Влада, односно не обезбедил мнозинство, а ниту пак поднел некаков предлог за состав на нов кабинет.

САКАМДАКАЖАМ.МК пишува дека од собраниската служба за нивниот портал изјавил дека му е одговорено на претседателот Иванов.

Претходно од кабинетот на претседателот брифираа дека Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии тогаш кога ќе добие официјално известување од страна на Собранието.

„Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“ - рекле од кабинетот на Иванов за МИА. 

Оттука не е јасно кои се плановите и идните чекори кои планира да ги преземе претседателот и зошто чека на потврда на нешто што веќе сите го знаат, а не дава информации дали и на кого ќе го даде сега мандатот.

Слично

Поврзани вести