Иванов: Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето
Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов, на церемонијата на свечено менување на државното знаме на Република Македонија.
По повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, претседателот Иванов им се обрати на присутните на кои им го честиташе утрешниот празник.
„Пред 26 години, на 8 септември го остваривме нашиот вековeн стремеж за слободна и независна македонска држава. 26 години вложуваме во нашата татковина, во безбедноста и сигурноста на нашите граѓани. Ја негуваме традицијата на соживот и на почитување на различностите. Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Успеавме да поминеме многу предизвици, и ќе има многу предизвици. Но и нив само сплотени ќе ги надминеме“ - вели Иванов.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин денеска го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
