Иванов чекаше до последно, но го потпиша ребалансот
Претседателот Ѓорги Иванов максимално го искористи законскиот рок и во последен момент доцна вчера го потпиша изгласаниот ребаланс на буџетот од македонското Собрание.
Неговото одолговлекување на процедурата отвори простор за шпекулации дека можеби ќе го видиме првото вето на Иванов кон новата власт со која мора да биде во кохабитација бидејќи се од различни политички проминенции, но до таков потег не дојде.
Главната причина за неизвесноста е наводното патување на ИВанов надвор од државата па морало да се почека тој да се врати во земјава. Кабинетот на претседателот не соопшти каде беше отпатуван претседателот, туку само дека се вратил со владиниот авион.
По процедурата, тој го вратил ребалансот во Собранието, каде што беше изгласан пред точно седум дена.
