Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иванов бара амнестија на насилниците со цел помирување?

Иванов бара амнестија на насилниците со цел помирување?

Претседателот Ѓорѓе Иванов, во интервју за Канал 5, изјави дека според него по доделувањето на мандатот Македонија  влезе во период на нормализација на состојбите.

Иванов ја спомена амнестијата на осомничените и обвинетите во насилствата  на 27 април, но додаде дека за тоа треба да одлучи Парламентот.

„Доколку сакаат новите пратеници, новиот состав на Собранието да покажат акт на добра волја, на помирување, нека го направат тоа што беше направено после конфликтот во 2001. Тогаш знаевме дека Собранието  амнестираше воени злосторници и зошто сега да не им се помогне на луѓе кои ги завела толпата и емоции“ - вели Иванов.

Иванов објасни дека тој не може да го стори тоа, затоа што постапката за помилување кај претседателот е долга и таа се однесува откако ќе се изречат правосилни пресуди. Додава дека аболицијата е друго прашање, во случај кога се работи за државен интерес.

Слично

Поврзани вести