Иван Крастев: Бугарското вето за Македонија би било апсурдно и смешно
Не стивнуваат реакциите по тврдиот став на Софија за македонското прашање, не само во земјава, туку и во соседна Бугарија. Бугарскиот политички аналитичар Иван Крастев не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија.
Според него, почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија не значи дека Бугарија ги прифаќа тезите на Скопје.
„Брисел едноставно не може да ја замени потребата од сериозна историска наука“, посочува аналитичарот Крастев.
Слично
